Ракомет
Ројевиќ: Навивачите ни даваа посебна енергија на секој натпревар
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа остварија историски успех со освојување на првиот клупски трофеј и тоа европски, откако во двата натпревара од финалето ја совладаа Татабања од Унгарија во рамки на ЕХФ Европскиот куп.
– Историски момент за сите нас. Во првата сезона на заедничка работа е освоен европски трофеј. Честитки до сите играчите, публиката, управата. Навивачите ни даваа посебна енергија во текот на сите 60 минути, па дури и претходно додека бевме во соблекувалната ги слушавме, па и во текот на целата сезона. Благодарност до Охрид и едноставно пресреќен сум, изјави тренерот на охриѓани Борис Ројевиќ.
За српскиот тренер ова беше прва сезона на клупата на македонскиот клуб и ја заврши со освојување на пехар во европско натпреварување.
јуни 1, 2026
