Економија
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, а бензините поскапуваат за половина денар
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари за литар, а бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ поскапуваат за половина денар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 88,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 90,00, „евродизел БС (Д-Е V)“ за 85,50, а литар екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари.
За 3,238 денари поевтинува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе се продава за 47,906 денари.
Претходно, компанијата „Окта“ АД – Скопје соопшти дека воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава.
Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.
Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од „Окта“ како во големопродажба така и во малопродажба.
јуни 1, 2026
