Сцена
Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавуваат спектакл во „Борис Трајковски“ на 6 јуни
Голем солистички концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе се одржи на 6 јуни 2026 година во арената „Борис Трајковски“, настан кој, според најавите, ќе понуди вистинско мултимедијално доживување со богата продукција и бројни музички гости.
На денешната прес-конференција, организаторите истакнаа дека концертот е внимателно подготвен и замислен како комбинација од нивните најголеми хитови и понов материјал, надополнет со современи аудиовизуелни ефекти, сценско осветлување и танцови перформанси.
– Ќе ми биде радост да ве видам на концертот и заедно да доживееме атмосфера. Ќе има интеракција со целата публика, каде што заедно ќе го направиме тој ефект. Ги поканувам сите да дојдат облечени во бело – тоа ќе придонесе за нешто ново и поразлично – изјави Јован Јованов, додавајќи дека по подолг период повторно е собрана екипа од артисти кои не биле заедно на сцена.
Елвир Мекиќ нагласи дека настанот има и емоционална тежина за нив двајца.
– Благодарам што сте присутни и што нè поддржувате. Ова ќе биде еден од нашите најважни денови во животите. Повелете, бидете таму – да се журкаме – порача Мекиќ.
Концертот ќе собере познати имиња од домашната и регионалната сцена, меѓу кои Маја Саздановска, Тони Зен, Адријан Гаџа, Пајак, Слаџа Делибашиќ и Џус.
Организаторите најавуваат дека публиката ќе има можност да биде дел од динамично шоу исполнето со енергија, младост и врвна продукција, што, според нив, треба да го направи концертот еден од повпечатливите музички настани во Скопје
мај 28, 2026
