Connect with us

Сцена

Белградски овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“

Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од публиката во Белград, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Лето у муезеју (Leto u MuzeYU)“ по повод Денот на младоста.

Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа тој миг со трчање три круга околу бината – гест инспириран од традицијата на Денот на младоста и штафетата, по што следуваа долги овации од публиката. Во рамки на програмата настапија и хрватскиот состав Немечек и српскиот бенд Љубичице – тројца добитници на регионалната награда „Милан Младеновиќ“, којашто Дина Јашари ја освои во 2022 година со песната „Дома“.

Концертната вечер донесе силна регионална поврзаност и современ музички израз пред неколку илјади посетители на платото пред музејот.

Белградскиот концерт беше дел од регионалната турнеја на „Растенија без корен“, која претходно помина низ Љубљана и Подгорица, а продолжува и во Хрватска во рамки на „сУРФ фестивал (SURF Festival)“ на островот Крк

Маркетинг
Ad 1
Ad 1