Connect with us

Ракомет

Иванковиќ: Ќе сториме се пехарот да го освоиме во Охрид

Ракометарите на Охрид со победа се враќаат од гостувањето во Татабања по првиот финален дуел со унгарскиот тим. Во текот на целиот натпревар македонскиот претставник имаше водство и стигна до триумф од 29:28. Најефикасни во редовите на Охрид беа Анте Иванковиќ и Дарко Ѓукиќ со по 7 голови.

– И на натпреварот во Охрид ќе биде тешко како и тука. Татабања е квалитетен тим со одлични играчи. Но, мотивацијата кај нас ќе биде присутна како и на овој натпревар. Ќе сториме се за да го освоиме пехарот во Охрид, изјави Анте Иванковиќ

Реванш финалето се игра во Охрид во недела на 31.мај со почеток во 20 часот во СЦ „Билјанини извори“. Влезниците за дуелот веќе се распродадени. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1