Connect with us

Вести

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи

Спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност, биле темите во фокусот на денешните разговори во Брисел на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали со претставници на Европската комисија и Работната група на Советот на ЕУ (COELA).

– Останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди, вели Сали во изјава по средбата, што ја пренесува Министерството за европски прашања.

Министерот Сали исто така ја потенцираше важноста на регионалната соработка и постепената интеграција во Заедничкиот европски пазар, оценувајќи ги како клучни елементи за стабилност, економски развој и безбедност во регионот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1