Connect with us

Филм

Почна снимањето на новата сезона на серијата „Белиот лотос“

„Според информациите што кружат на социјалните мрежи, веќе се појавиле снимки од фестивалот на кои наводно се гледаат членовите од актерската екипа, што дополнително ја зголемило возбудата меѓу обожавателите на серијата“, пренесе Индекс

Снимањето се одвива во втората недела од фестивалот кој започна минатиот вторник, а првите снимки од Француската ривиера веќе укажуваат дека луксузниот амбиент би можел да го дефинира визуелниот стил на новата сезона. Дејството на новата сезона ќе биде сместено во Кан, со силен фокус во светот на филмскиот бизнис и гламурот што го носи самиот фестивал. Освен во Кан, снимањето ќе се одвива и на други локации, меѓу кои се Сен Тропе и Париз.

„Актерката Лора Дерн викендов беше забележана на сет во Сен Тропе, каде што снимаше сцени на плажа“, пренесоа француските медиуми.

– Француската ривиера беше избрана откако местото сосема го воодушеви сценаристот на серијата Мајк Вајт. Првичниот план беше оваа сезона од серијата да се снима на повеќе локации низ Европа, меѓу кои Шпанија и Ирска, изјави извршниот продуцент Дејвид Бернад за „Лос Анџелес Тајмс“

„Мајк Вајт, беше толку импресиониран што одлучи целото дејство да се одвива токму на Француската ривиера“, соопштија од продукцијата.

Новата сезона носи и исклучително богата актерска екипа. На проектот му се приклучуваат познати имиња како Стив Куган, Бен Кингсли, Кумејл Нанџиани, Хедер Греам и Венсан Касел.Дел од актерската екипа се и Калеб Џонте Едвардс, Дилан Енис, Корентан Фила, Ари Грејнор, Мариса Лонг, Александар Лудвиг, Крис Месина, ЕЈ Михалка и Надја Терешкевич, како и многу други светски познати личности, што дополнително ја збогатува серијата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1