Connect with us

Филм

Џек Николсон за снимањето на филмот „Двобој на Мисури“: Толку многу дрога имаше насекаде, чудо е што сум жив

Легендарниот актер Џек Николсон во текот на седумдесеттите години не беше познат само по улогите кои ја обележаа историјата на филмот, туку и по бурниот приватен живот кој често беше исто толку воодушевувачки колку и неговите појавувања на големото платно.Николсон на почетокот на својата кариера важеше за една од најексцентричните фигури во филмската индустрија. Иако во тој период одигра некои од своите најдобри улоги, зад сцената водеше живот исполнет со забави, луди ноќни излегувања и без многу ограничувања. 

„Популарноста ја стекна со снимањето на филмот „Двобој на Мисури“ („The Missouri Breaks“)  од 1976 година, заедно со својот колега, актерот Марлон Брандо. Иако филмот не стана хит каков што многумина очекуваа, искуството од снимањето остана длабоко врежано во сеќавањата на Џек, пред сè поради атмосферата која владеела“, напиша „Фар аут магазин“ („Far Out Magazine“).

По изминати многу години од снимањето, во текот на работата на филмот „Честа на прицевите“, тонецот Денис Мејтланд го потсетил актерот дека веќе соработувале. Николсон за момент се збунил, неможејќи  да се сети каде се запознале.

„Двобој на Мисури, Исусе Христе! Бевме целосно надвор од себе на тој филм, Свети Боже! Чудо е што сум жив. Толку многу дрога имаше насекаде, бевме целосно „надувани“, изјави Николсон.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1