Вести
Мицкоски: „Градски воз“ алтернатива за граѓаните за побрз и поеколошки превоз
Реализацијата на проектот „Градски воз“ ќе значи нов еколошки транспорт за многумина граѓани што имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар.
Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров, тој појасни дека на реконструираната пруга ќе може да се движат со брзина од 80 до 90 километри на час наместо досегашните од 20 до 30 километри на час.
– Цениме дека на овој начин ќе обезбедиме побрз и еколошки транспорт на голем дел од нашите сограѓани. На реконструираната пруга, електрифицирана, тие ќе може да се движат сега со брзини од 80 до 90 километри на час наместо досегашните од 20 до 30. Работиме и на другите две делници – едната од Ѓорче, другата од Илинден, така што очекуваме целиот тој проект со 2027/2028 година да биде целосно заокружен и ова да биде понудено како алтернатива за превоз на многумина од нашите граѓани што од периферијата се движат кон центарот на градот – изјави Мицкоски.
мај 21, 2026
