Connect with us

Вести

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници во споредба со 2024 година

Речиси 770 милиони денари обезбедила Владата за поддршка во науката – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој нагласи дека одвоената сума е двојно повеќе во споредба со 2024 година.

– И во науката исто така, покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони денари годишно поддршка за нашите научници, истражувачи – рече Мицкоски. 

Владата, нагласи, обезбеди бесплатен пристап до две научни бази на списанија, кои научниците ќе може да ги користат во создавање научни трудови. 

– Овозможивме бесплатен пристап до две научни бази на списанија, тоа се Web of Science и Scopus, кои исто така се првпат обезбедени од страна на Владата да бидат со бесплатен пристап за да може научниците и истражувачите да ги користат кога создаваат свои научни трудови, така што апсолутно продолжуваме да вложуваме и во науката и тоа е наш прв приоритет – изјави Мицкоски. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1