Вести
Мицкоски за случајот „шпионажа во Кабинетот на претседателката“: Шпионски талог на општеството, структури од минатото
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со аферата за наводна шпионажа во претседателскиот Кабинет рече дека е предизвикана од структури од минатото.
– Тоа е шпионски талог на општеството, структури од минатото, кои се наоѓале во кабинетите како глодачи на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму. И тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до Обвинителството. Се разбира, таму Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодачи бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров.
мај 20, 2026
