Connect with us

Вести

Стојаноски: На Комисијата за финансирање и буџет се наоѓаат точки што се директно поврзани со функционирањето на државата

Денес, повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ, Венко Филипче и целокупната опозиција со банални оправдувања дека немало место каде да седнат и слични изговори, само за да не почнеме со работа на Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денешната изјава за медиумите на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Со денови Венко, СДСМ и целата опозиција го проблематизира заемот, па кога побаравме да биде прва точка на дневен ред и веднаш да ги соочиме аргументите – тие избегаа од соочувањето.

На Комисијата за финансирање и буџет се наоѓаат точки што се директно поврзани со функционирањето на државата, обезбедување средства за реализација на обврските преземени со колективните договори, како и продолжување на капиталните инвестиции.

Станува збор за средства со кои треба да се обезбеди навремена исплата и реализација на политики важни за граѓаните – повисоки примања во образованието, здравството и јавниот сектор, изградба и реконструкција на инфраструктура, училишта, болници и други проекти.

Наместо аргументирана дебата, сведочиме на обид за блокада на работата на Комисијата и кочење процеси што се во интерес на граѓаните и државата.

За потсетување на јавноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ само по основ на еврообврзници, кои ги има земено СДСМ, треба да се врати вкупно 2,4 милијарди евра.

За 2026 година вкупниот долг што треба да го сервисира државата е во износ од 2,4 милијарди евра.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи политички калкулации и дневнополитички интереси да ги загрозат функционирањето на државата и реализацијата на проектите што се важни за граѓаните и ќе ги преземеме сè што е во рамките на Деловникот и законите во интерес на државата.

Ги повикуваме СДСМ и Венко Филипче да покажат одговорност и да овозможат институциите да работат.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1