Вести
Средба Гаши – Марфи: Транспарентноста и отчетноста во фокусот на европските реформи
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Тони Марфи, претседател на Европскиот суд на ревизорите. На средбата присуствуваа и главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми.
Како што инфоррмираат од собраниската прес-служба, претседателот Гаши се фокусира на важноста на транспарентноста, отчетноста и институционалниот надзор како клучни елементи за функционирањето на демократските институции и унапредувањето на реформите во процесот на европска интеграција.
За време на средбата беше истакната улогата на независните ревизорски институции во промовирањето на владеењето на правото, зајакнувањето на довербата на граѓаните и подигнувањето на стандардите за институционално управување.
Соговорниците се согласија дека меѓуинституционалната соработка и поддршката на реформите, кои придонесуваат за зајакнување на европските стандарди и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции, се процес што постојано треба да се унапредува.
мај 20, 2026
