Connect with us

Вести

Високи членови на ДУИ со поддршка на протестот за правосудниот испит

Транспаренти на кои се испишани политички и националистички пораки се забележани на протестот на албанските студенти. Во отсуство на било каков македонски симбол на протестот, студентите своите барања ги упатуваат до македонската Влада.

Поддршка на протестот дадоа пратеници и високи членови од политичката партија ДУИ. На демонстрантите им се приклучија и лица дојдени од Приштина, а „УЧК“ извици се слушаа додека групата се движеше по Камениот мост од каде започна протестот.

Претходно, поддршка за протестот даде и потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1