Connect with us

Здравје

Научно истражување: Разлики во справување со болката и болестите кај жените и мажите

Прашањето кој подобро поднесува болка, а кој болест на прв поглед изгледа како едноставно прашање, но научните истражувања покажуваат дека одговорот зависи од тоа за што точно станува збор.

„Кога се работи за чувството на болка, бројни истражувања потврдуваат дека жените во просек имаат поголема чувствителност. Студијата објавена на „Пабмед“ (PubMed) покажува дека жените почесто имаат пониско ниво на толеранција на болка и поголема чувствителност на болни дразби, како и поголема зачестеност на хронични болни состојби“, пренесе Н1 Сараево.

Според експертите, причината не е само психолошка туку и биолошка. Поновите истражувања покажуваат дека болката кај двата пола може да се манифестира на различен начин, зависно од нивниот нервен и имунолошкиот систем. Сепак, поголемата чувствителност не значи и помала издржливост. Истражувањата покажуваат дека жените почесто наоѓаат начини за приспособување на долготрајна болка, иако истовремено почесто страдаат од хронични болки.

Кога станува збор за болестите, научните трудови од областа на имунологијата покажуваат дека жените имаат посилен имунолошки систем, што им овозможува полесно справување со одредени инфекции. Од друга страна, ваквиот одбранбен механизам го зголемува ризикот од автоимуни заболувања, т.е имунолошкиот систем го напаѓа сопственото тело.

За разлика од жените, мажите во просек имаат послаба имунолошка реакција што може да доведе до поизразени симптоми при инфекции или така наречената „машка настинка“.

– Мажите во просек побавно ја препознаваат болката, додека жените се почувствителни на болни дразби и почесто се соочуваат со хронични болни состојби. Во однос на болестите, жените најчесто имаат посилен имунолошки одбранбен механизам, додека кај мажите инфекциите можат да се манифестираат со потешки симптоми. Разлики постојат, но не се онакви какви што луѓето ги доживуваат, објаснуваат експертите.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3