Connect with us

Општини

Во Тетово по повод Денот на независноста се одржа манифестацијата со мото „Те сакаме Македонијо“

Под мотото „Те сакаме Македонијо“ денес во Тетово се одржа манифестација за одбележување на Денот на незавиноста на татковината 8 Септември. Ова е втора година по ред како одделенските раководителите од сите училишта во градот од наставата по македонски јазик.

Одделенските наставници велат дека оваа манифестација со своето второ издание е на пат да стане традиционален начин на одбележување на Денот на независноста во Тетово.

– Децата тука со радост се дојдени на градскиот плоштад да го прославиме роденденот на нашата татковина. Сите во дечињата имаат знаменца свечено и достоинствено, ќе го прославиме овој голем празник. Посакувам уште многу, многу години да прославуваме тука на плоштадот и да не биде тоа традиција, изјави наставничката Соња Трифуновска, одделенска раководителка.

Сите училишта имаа по една точка посветена на татковината со која се претставија пред публиката. Воедно со свои изведби и кореографии се претставија и детските хорови „Крешендо“ и „Лале“, како и КУД „Шара“ и КУД „Бранко Чајка“ од Тетово.