Економија
Се работи на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Ацо Ристов очекува до крајот на годинава да завршат сите процедури за да може од почетокот на наредната година производителите на електрична енергија од обновливи извори непречено да учестуваат на европскиот обединет пазар.
– Како Регулатор секојдневно работиме на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот пазар. Засега и техничките и правните процедури се добри, посебно со Законот за енергетика во кого е предвидена имплементацијата на сите европски регулативи и кој ја даде иницијативата. Во моментов се доработуваат сите акти во државата за сите ученици од операторот до дистрибутери и конекци. Очекуваме дека до крајот на годинава би требало формално да си ја завршиме домашната задача поврзана со сертификација и со одвојување на обновливите извори од изворите кои произведуваат електрична енергија од фосилни горива за да може конечно сите домашни и странски инвеститори во земјава следнаа година да станат учесници на европскиот обединет пазар, рече Ристов во одговор на прашање по денешната средба со новинарите во РКЕ.
Сега, како што рече, производителите имаат проблеми и не можат да ја плаисраат произведената електрична енергиј во Европа.
-Оваа работа можеби можела и порано да се саботи, но се случи хиперпродукција во градбата на централите и за три години се изградија огроемн број. При тоа правната регулатива некако како да оди поспоро отколку изградбата на енергетски објекти со приватен капитал. Ќе направиме напори да направиме се што е во наша можност д аим помогнеме на производителите што побрзо да станат дел од европскиот пазар, посочи Ристов.
Сертификацијата и начините на верификација и потврдувањето на производството го определува Министерството за животна средина и просторно планирање и не се во надлежност на РКЕ.
мај 7, 2026

