Connect with us

Општини

Во Преспанско Езеро се истражуваат влажните живеалишта

Општина Ресен информира дека експертски тим врши истражување на влажните живеалишта во Преспанско Езеро.

Станува збор за активност на претставници на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, кои заедно со помош на претставници на ,,ПОНД“ реализираа теренска обука – поставување и собирање на мрежи  во влажните живеалишта, кои се особено ранливи на исушување.

Систематскиот мониторинг претставува клучна алатка за следење на состојбите во екосистемот и за навремено планирање и спроведување на соодветни мерки за заштита, посочија од Општина Ресен.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3