Connect with us

Општини

Во Битола почнува првото издание на „Вински фестивал“

Во Битола вечер почнува првото издание на новата градска манифестација – „Вински фестивал“ чиј домаќин и организатор е ЈОУ Културно информативен центар (КИЦ) – Офицерски дом Битола.

Новоизбраниот директор на КИЦ Битола Димитар Михајловски, истакна дека очекува новиот фестивал да го видат посетители од градот, државата и странство.

-Подготвивме нова, ретка манифестација, тридневен фестивал кој ги обединува виното, музиката и урбаното дружење, со богата музичка програма и внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии и гастрономски специјалитети. Програмата ќе почне во 18 часот со настап на резидент диџеј, а потоа продолжуваме со легендарните B52, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов, посочи Михајловски.

На платото од битолскиот Офицерски дом има 15 штандови од локални и национални винарии, а според програмата утревечер ќе настапат Lockdown, Камерен оркестар Битола и DJ Гоце Саф, додека на третата вечер, на 9 мај, посетителите ќе ги забавуваат Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4