Connect with us

Општини

Во Куманово лани се одржале над сто настани од култура

Во текот на 2025 година во Куманово се реализирани вкупно 102 културни манифестации, покажува извештајот усвоен на последната седница на општинскиот совет. Програмата е разновидна и наменета за различни генерации.

Во Куманово, според податоците на Секторот за култура се реализирале над сто настани. Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации во Куманово за 2025 година отвори дебата меѓу советниците околу квалитетот, видливоста и финансирањето на културните настани во градот. Во текот на годината биле одржани 102 настани, што, како што беше посочено на седницата, значи дека во просек двапати неделно се случувале културни активности.

– И во текот на летото има значителен број настани, како „Културно лето“, и мото-фестивалите. Нормално е да има и паузи поради годишните одмори, но програмата не изостанува. Постои перцепција дека нема настани, а реално има. Проблемот е што граѓаните не се доволно информирани“, беше нагласено, при што беше предложено и воведување критериуми за посетеност како услов за добивање финансиска поддршка – изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Во делот на финансирањето, беше појаснето дека одредени средства се наменети за административни и технички трошоци на Фондацијата за култура и спорт. Сепак, дел од советниците изразија незадоволство, укажувајќи дека квантитетот не секогаш значи и квалитет.

– Помали градови постојано имаат побогата програма – рече координаторот на советничката група на СДСМ, Томица Илиќ.

Сепак, како еден од клучните проблеми беше посочена слабата промоција на настаните. Советниците апелираа до организаторите и институциите да вложат повеќе напори во медиумска видливост, особено преку локалните медиуми и социјалните мрежи. Советот го усвои извештајот и надлежните апелираа за поголема промоција на културните активности во наредниот период. а

Маркетинг
Ad 2
Ad 4