Connect with us

Општини

Кочани ќе добие современ велодром

Во Кочани, во малото зеленило каде што се вкрстуваат улиците „Скопска“ и „Сремска“, денеска беше означен почетокот на проектот за уредување на современ простор наменет за велосипедисти.

Станува збор за изградба на нов вело-полигон, кој се реализира како донација од приватне правен субјект.

Планирано е овој простор да зафаќа околу 324 квадратни метри и да биде уреден според модерни стандарди.

Во рамки на проектот ќе се постави целосна хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе се обезбеди безбедно и организирано движење за сите корисници.

Градоначалникот на Оштина Кочани, Владко Грозданов истакна дека новата содржина ќе придонесе за збогатување на урбаното живеење, особено кај младите. Наместо време поминато пред екрани, децата и тинејџерите ќе добијат можност да се насочат кон спорт и активен живот, како и да ги унапредат своите вештини во возење велосипед.

-Добиваме ново катче за најмладите сограѓани каде тие ќе можат да ги остават за момент телефоните дома и да се посветат на физичката кондиција и здравје, да спортуваат и да ги испраксираат вештините во управуавање со велоспиед. Велодромот ќе биде изграден по светски стандарди со целосна и современа сигнализација, најави Грозданов.

Реализацијата на проектот ја презема компанијата „Баџак инженеринг“, а според најавите, работите треба да бидат завршени во рок од еден месец.

Новиот вело-простор се очекува да прерасне во омилено место за рекреација и дружење на граѓаните на Кочани.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4