Connect with us

Економија

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 12. економски и финансиски дијалог

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен  Балкан, Молдавија, Турција и Украина.

Како што информираат од Министерството за финансии, во рамки на 12. економски и финансиски дијалог ќе се дискутира за економскиот развој, предизвиците и плановите, а ќе се усвојат и препораки за таргетирани политики за секоја земја, кои треба да се спроведат во наредниот период.  

Министерката Димитриеска-Кочоска на економскиот и финансиски дијалог во Брисел ќе се осврне на реформите што ги презема земјата, особено во однос на подобрување на квалитетот на јавните финансии, со цел поддршка на економскиот раст, а во услови на пошироката геополитичка клима и висока непредвидливост.

Економскиот и финансиски дијалог претставува годишен дијалог за економска политика и учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка, како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4