Connect with us

Економија

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто – соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 
2,8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2,1 %, Капитални производи за 3,6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 % и Интермедијарни производи, освен Енергија, за 2,9 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,0 %.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3