Connect with us

Вести

Азизи: Слободата на медиумите не е само право на новинарите, туку право на секој граѓанин да биде информиран точно и транспарентно

Едно демократско општество не може да постои без слободни и професионални медиуми. Точното и непристрасно информирање е темелот врз кој се гради довербата на граѓаните и се зајакнува демократијата, напиша денеска на Фејсбук портпаролката на Владата, Венера Азизи по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Како што посочи таа, слободата на медиумите не е само право на новинарите, туку право на секој граѓанин да биде информиран точно и транспарентно.

-Слободата на медиумите подразбира одговорност, интегритет и почитување на вистината, но и заштита од секоја форма на притисок или влијание, истакна Азизи и додаде дека како портпарол на Владата посветена е на промовирање на транспарентноста, отворениот дијалог и слободниот пристап до информации.

Институциите, како според Азизи, треба секогаш да бидат отворени за прашања, критики и јавен надзор, бидејќи само на тој начин се гради одржлива доверба со граѓаните.

-На овој важен ден, да го реафирмираме нашиот ангажман за поддршка на професионалното новинарство, за зајакнување на етичките стандарди и за создавање средина во која слободниот збор се почитува и се штити. Затоа што слободата на медиумите е темел на нашата слобода како општество, посочува Азизи. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1