Connect with us

Економија

Димитров: Свесната одлука на Владата да не дозволи целосна либерализација на снабдување со електричната енергија е сосема во ред

Македонија нема потреба да ја исполни обврската од реформската агенда со која се бара државата да престане со набавка на струја за граѓаните, сметаат експертите. Тие ја поддржуваат изјавата на Премиереот Христијан Мицкоски со која тој потврди дека Македонија нема да го исполни овој дел од реформската агенда. Според експертите, иако ЕУ инсистира државата целосно да го либеларизира пазарот, тоа не треба да се дозволи, бидејќи тогаш ќе се изгуби социјалниот статус, народот ќе биде посиромашен бидејќи граѓаните ќе плаќаат многу повисока цена на струјата, пренесува Телевизија Алфа.

„Одлуката на Премиерот господинот и колега Христијан Мицкоски е сосема во ред, но не само во однос на обврската тоа државата да не учествува во делот на цената на електрична енергија, која потоа се наплатува од граѓаните е сосема правилна и на место. Државата треба да се грижи за стандардот на граѓаните, а не единствено да споредува директиви, регулативи кои што воопшто нас лично како држава не ни одговоара“, во изјава за Алфа вели Константин Димитров.

Според експертите, државата свесно со оваа одлука губи средства во буџетот, но, ако таа не ја обезбеди струјата и не субвенционира дел од истата тогаш цената некогаш е и двојно поскапа од таа што ја набавува ЕСМ, па истата ќе треба да ја плати народот со што директно ќе влијае на осиромашување.

Воедно, експертите предлагаат државата не само да дава само субвенции за струја, и да ја продава на граѓаните под пазарна цена, туку да ги мотивира да постават фотоволтаици за сопствени потреби.

„Придовиките се двојни. Ако граѓаните дел од своите потреби ги задоволат од спствените колектори, тој дел од електрична енергија не мора државата да ја субвенционира и да издвојува од буџетот“, додаде Димитров.

Според експертите, ЕУ не може да бара од земјава да исполнува услови кои за нив се лесно остварливи, бидејќи тие оддамна ги имаат поминато чекорите на иднустријализација и веќе долго време работат на сегментот на енергетска независност, додека Македонија сега го фаќа тој пат и треба време да се подготви за целосна либерлазиација на пазарот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3