Хроника
Претрес во Боговиње, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
На 01.05.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на Б.З. (41) во с. Боговиње. При претресот е пронајдена бела прашкаста материја и алат за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело. Б.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
мај 1, 2026

