Хроника
Граната од Првата светска војна пронајдена во Преспанско Езеро кај Отешево
Вчера во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во туристичката населба во с.Отешево, ресенско, во водите на Преспанското езеро била пронајдена граната.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатата е безбедно подигната и утврдено е дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата светска војна.
мај 1, 2026

