Connect with us

Вести

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во официјална посета на земјата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Швајцарскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

Како што информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, по пленарниот состанок, планирана е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пармелан.

Според програмата, предвидено е претседателот Пармелан да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Маркетинг
Ad 4
Ad 4