Хроника
Приведени 10 возачи за безобѕирно возење – петмина возеле без дозвола, а петмина под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Пет возачи (два во Кичево, по еден во Битола, Штип и гостиварско) се лишени од слобода за управување на возило без возачка дозвола, а петмина (по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш) управувале возило под дејство на алкохол.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
април 27, 2026

