Connect with us

Хроника

МВР: Во последното деноноќие едно лице приведено поради безобѕирно управување возило, изречени 12 мерки на територијата на Скопје

Во рамки на акциска контрола во патниот сообраќај на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи вчера во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров, санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а две лица одбиле да се алкотестираат. Tрojца возачи се санкционирани за останати сообраќајни прекршоци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување на возило под дејство на алкохол над 1,50 промили.

Од Министерството посочуваат дека по целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2