Connect with us

Економија

Божиновска на Делфи-економскиот форум: Поврзаноста е важно прашање за енергетската безбедност

Енергетската безбедност е многу важно прашање, никоја земја не треба да биде сама, потребна ни е поврзаност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за време на нејзиното учество на панел-дискусија посветена на енергетиката на Економскиот форум во Делфи, Грција, јави дописничката на МИА.

Министерката детално се осврна на плановите и чекорите што ги презема нашата земја со цел да се обезбедни енергетска стабилност, но и меѓусебна поврзаност со соседните земји, нагласувајќи дека е „геостратешки пристап“ и го спомена интерконекторот со Грција и неговото продолжувањето кон Србија.

– Ќе бидеме транзит земја и ќе ја снабдуваме со гас Југоисточна Европа и мислам дека до крајот 2027 преку оваа соработка ќе постои алтернатива за рускиот гас. Ова е многу важно. Друго важно прашање е стратешкиот дијалог што го имавме со САД пред две седмици, а освен состаноците потпишавме и Меморандум за разбирање за подобрување на гасната безбедност, објасни Божиновска.

Се осврна и на важноста на спојувањето на пазарите на електрична енергија со соседните земји и ЕУ (т.н.маркет каплинг), за што рече дека доцни бирократијата во Брисел, но изрази надеж дека ќе за финализира прашањето до 2028 година, уште еднаш нагласувајќи ја важноста на поврзаноста.

Дополнително посочи дека во енергетската транзиција, нашата земја е насочена кон обновливи извори на енергија, што воедно е главен приоритет, додека пак во однос на малите модуларни реактори, рече дека тоа е добра идеја, но станува збор за долг законодавен процес, а во тој период „треба да работи на обновливи извори на енергија“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1