Connect with us

Вести

АХВ: Нема простор за паника, во Македонија не се увезува спорната HiPP кашичка

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190-грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир), кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и во неколку европски земји.

Посочуваат дека Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба, навремено ќе реагира.

– Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на HiPP за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјата воопшто нема увезено од спорниот производ, односно тој не е пласиран на македонскиот пазар – информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство

Маркетинг
Ad 1
Ad 4