Connect with us

Култура

Објавена илустрирана книга за деца „Сон на балон“ од Александра Велинова

„Сон на балон“ е најновата илустрирана книга за деца од Александра Велинова во издание на ИК „Едука Мак“ која ќе биде промовирана на 24 април (петок) во Промотивниот центар на Саем на книга, со почеток во 18 часот.

Автор на илустрациите е Никола Темков. „Сон на балон“ обработува актуелна тема –ИСЕЛУВАЊЕТО. Речиси и да нема дете што нема роднини, пријатели, блиски што живеат во странство. Алексеј се охрабрува да се качи во волшебниот балон и да тргне во потрага по своите другарчиња што се преселиле во Германија, Италија, Франција, Австралија, Канада… Ќе слета на фудбалски терен, ќе се обиде да сурфа, ќе јаде пица во Италија, ќе лета над Нијагарини водопади и ќе разговара со гулабот неговиот туристички водич.

„Сон за балон“ е хумористична, едукативна, емотивна и топла приказна која зборува за пријателството и моќта на детската фантазија. Отвора важни теми за растењето, иселувањето, пријателството на далечина и чувството на припадност „Сон на балон“ е наменета за деца, но носи силна порака и за возрасните – дека домот не е само место, туку чувство кое го носиме во себе – вели Велинова.

Преку авантура, најмладите читатели ќе учат за различни земји, култури, симболи, па и за историјата.

Има скриена поента, кало порака во шише кое што никогаш не потонува, како сон на балон кој никогаш не слетува… ,,Домот е таму каде што ти е срцето”. Да ја вдомиме приказната во срцата на нашите сакани дечиња! Читлив, разбирлив и есенцијален расказ, налик на детски патопис и културолошки живопис со адекватна содржина и етичка порака“- пишува во рецензијата пофесорката Татјана Алексиќ.

Промотори на сликовницата се универзитетскаат професорка Кристина Николовска и учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ од Аеродром, Скопје под менторство на наставничката Маја Младеновска.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3