Connect with us

Хроника

Велешанка под дејство на алкохол физички го нападнала сопругот, a потоа учествувала во сообраќајка

Велешанка под дејство на алкохол синоќа физички го нападнала сопругот, а потоа учествувала во сообраќајна несреќа при што се здобила со телесни повреди.

– Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 21:45 часот  ја лишиле од слобода 33 годишната  З.Б.П. од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 69 годишниот Т.В. од Велес.

Како што информираат попладнево од СВР Велес,  во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, при што и биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. 

Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од СВР Велес.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3