Хроника
Гостиварец возел со 178 километри на час во населено место, каде што биле дозволени 80 километри на час
Гостиварец вчера возел со брзина од 178 км на час надвор од населено место, каде што дозволената брзина е 80 километри на час – утврдила полицијата со помош на специјално возило пресретнувач. Возилото е одземено и возачот К. И. (44) ќе се соочи со санкција во согласност со одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик.
– На патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, од 178 километри на час надвор од населено место, каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму најавуваат дека сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на целата држава со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
– Управувањето возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици врз здравјето и животот на граѓаните. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.
април 20, 2026

