Connect with us

Економија

Мицкоски: Луке е стратешки рударски проект со економски бенефит за регионот

Правото да се побара референдум е уставно загарантирано, но проектот за рудникот кај Луке е стратешки за државата и за локалното население и е дел од билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Мицкоски посочи дека секоја иницијатива за референдум мора да се спроведе согласно законските процедури, но изрази зачуденост од, како што рече, различните ставови во рамки на СДСМ по ова прашање.

– Ме зачудува е фактот дека градоначалникот на Крива Паланка, кој е од редовите на СДСМ, има сосема спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ, бидејќи јас честопати коминицирав со него, вклучително и денеска. Можев да се ​​уверам дека неговиот ставот е сосема спротивен, дека прво овој проект е дел од нашата соработка со Соединетите Американски Држави, финансиран делумно од САД – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека проектот, доколку се реализира, ќе мора целосно да ги исполни уставните и законските услови, особено во делот на заштитата на животната средина, за што, како што рече, гарантира и тој и инвеститорите.

Мицкоски оцени дека станува збор за инвестиција со значаен економски бенефит за регионот и населението, посочувајќи дека областа е типично рударско подрачје и дека проектот е стратешки и за државата и за локалната заедница.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3