Вести
Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат проевропски премиер фокусиран на добрососедските односи, наместо на билатерални прашања
Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности.
– Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, подобрососедски ориентиран, наместо на билатералните прашања ќе се посвети на вистинските европски темелни вредности, дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспер многу одамна и дека како земја-членка на ЕУ ќе биде вистински промотор на копенхагеншките критеруми, а не на билатерални спорови, кои сега треба да дадат одговор на прашања, кои се од средниот век, рече Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со очекувањата од парламентарните избори во Бугарија, каде денеска граѓаните гласаат за избор на 52. состав на Народното собрание.
Премиерот истакна дека е и благо разочаран од нискиот одѕив на македонските Бугари, бидејќи само 250 покажале интерес за учествуваат на изборите.
– Благо сум разочаран поради нискиот одѕив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема, рече Мицкоски.
април 19, 2026

