Connect with us

Хроника

Кривична пријава за тројца вевчанци вработени во шумско стопанство „Јабланица“ го оштетиле буџетот за 280.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот, на работно место раководител во Подрачно шумско стопанство Јабланица-Струга, со неизвршување надзор на целокупната постапка на посечената дрва маса, транспорт и наплата на истата, не спречил незаконско работење на вработените, со што овозможил имотна корист.

Второпријавениот, на работно место референт за користење заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“ Струга, пропуштил должен надзор на посечената дрвна маса, постапување и транспорт на дрвната маса.

Додека, третопријавениот, на работно место референт за сеча и дотур, искористувајќи ја својата службена положба несовесно работел, издавал испратници за превоз на бесправна сеча директно на физички лица, која претходно ја жигирал иако знаел и бил свесен дека е спротивно од правилникот од Законот за шуми и од Правилник за видот и начинот на жигосување за исечено дрво, начинот на издавање на испратница и пуштање во промет на исечена дрвна маса.

На тој начин пријавените причиниле материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и на државниот буџет во износ од 280.436 денари.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1