Connect with us

Свет

ЕУ: Гугл би требало да дозволи пристап до податоците на пребарувачите на трети страни

Европската комисија денеска предложи Гугл да им дозволи на пребарувачите на трети страни пристап до неговите податоци од пребарувањето, со цел да се усогласи со Законот за дигитални пазари.

Тоа ги опфаќа и податоците од чет-ботовите со вештачка интелигенција и функциите за пребарување.

Високата советничка за конкуренција во Гугл, Клер Кели, изјави дека технолошкиот гигант ќе се бори против тие мерки, за кои напомена дека ги надминуваат границите и ја загрозуваат приватноста на корисниците.

– Стотици милиони Европејци му ги доверуваат на Гугл своите најчувствителни пребарувања, вклучувајќи приватни прашања за своето здравје, семејство и финансии, а предлогот на Европската комисија би нè принудил овие податоци да им ги предадеме на трети лица, со опасно неефикасна заштита на приватноста – рече таа во соопштение.

ЕК соопшти дека предложените мерки на ЕУ го опфаќаат обемот, средствата и зачестеноста на податоците од пребарувањето кои Гугл мора да ги споделува, мерките за осигурување на анонимноста на личните податоци, процесите кои го регулираат пристапот на корисниците до податоците од пребарувањето и параметрите за одредување на цените на податоците од пребарувањето.

„Целта на мерките е да им се овозможи на трети онлајн пребарувачи, или ’корисници на податоци‘, да ги оптимизираат своите услуги за пребарување и да ја оспорат позицијата на пребарувачот Гугл“, соопшти Комисијата.

Заинтересираните страни имаат рок до 1 мај да го достават своето мислење за предложените мерки, а конечната одлука ќе биде донесена во јули.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3