Свет
ЕК: За четири години над 5.000 пациенти од Украина се префрлени во европските болниците
Од почетокот на војната во Украина во 2022 година повеќе од 5.000 пациенти се префрлени на лекување во болниците во Европа – соопшти денеска Европската комисија.
Пациентите се префрлени во болници во 22 европски земји, вклучително и Норвешка, која не е членка на Европската Унија.
Евакуациите на пациенти што страдаат од тешки повреди, хронични болести и сложени состојби ги координира ЕК во соработка со Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа.
– ЕУ останува посветена на поддршката на здравствениот систем на Украина и обезбедувањето дека оние што се најранливи ќе ја добијат потребната грижа – се наведува во соопштението на ЕК.
април 17, 2026

