Connect with us

Вести

Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ

Македонија може да смета на Белгија како искрен, доверлив, цврст и сигурен сојузник на вашиот пат за пристап кон Европската Унија, порача белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. 

-Белгија продолжува цврсто без никаква двосмисленост да го поддржува европските пат на вашата земја. Цврсто сум убеден дека билатералните прашања не треба во ниту еден момент да го спречат процесот на проширување. Јас и понатаму ќе продолжи да се залагам за напредок врз реформите и усогласеноста со компенхашките критериуми – порача Прево. 


Важен аспект на мојата посета, посочи Прево, е тоа што институционалната стабилност што ја постигнавте е за поздравување, нагласувајќи дека „Белгија го охрабрува конструктивност политички дијалог и владеењето на правото”, истовремено охрабрувајќи ја Владата да продолжи на патот на реформите, бидејќи, како што рече, тоа е само добиена инвестиција. 

Во однос на Бугарија и барањата од наша страна за гаранции на европскиот пат, Прево рече дека за Белгија постои јасна определба дека треба да биде дадено уверување на Македонија дека нема да се јави повторна блокада или пречка откако ќе бидат направени потребните промени. 

– Верувам дека сите земји во ЕУ треба да најдат начин да се изрази волјата оти овие уверувања ќе бидат дадени- порача Прево. 

Белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Прево, на почетокот изрази задоволство што има можност со денешната посета подобро да се запознае со нашата реалност и да ја запознае нашата земја. 

-Се надевам дека нема да биде последна средба и посета, со оглед дека ми се блиски балканските земји.  Денеска сум тука за да ги подвлечам одличните односи меѓу нашите две земји. Кажавте дека живееме во мултиполарни тензии и имањето доверливи и стабилни партнери е особено важно. Тоа во самата ЕУ Ви дава, исто така, можност дека и Вие можете да сметате на искреноста и солидарноста на една од најстарите земји и една од основачите на ЕУ, тоа е Кралсотвото Белгиија. Во Белгија, исто така, постои знајачна македонска дијаспора од околу 15 илјади лица, кои што активно учествуваат во животот на нашата земја и мислам дека тоа дополнително го зајакнува нашето партнерство и соработка – нагласи Прево. 

Прево, исто така, ја поздрави и македонската евроатланска посветеност и континуираната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, и како што рече, „Вие, драг Тимчо сте стратешки сигурен партнер“.

Министерот Муцунски, на заедничката прес-конференција со белгискиот колега Прево, рече дека неговата посета е значајна за нас и регионот особено во контекст на сериозните геополитички предизвици што директно влијаат врз мирот, стабилноста и иднината на Европа.

-Во изминатите три децении изградивме силно пријателство, интензивен политички дијалог и стабилно партнерство. Јасно ја изразив нашата определбата со Кралството Белгија и натаму да го развиваме пријателството и продлабочуваме врз основа на меѓусебна почит, доверба и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот и пошироко. Посебен акцент ставивме на унапредувањето на економската соработка – порача Муцунски. 

Муцунски, изрази убедување дека со заедничка политичка волја и со силна поддршка на бизнис заедницата, можеме да отвориме нов простор за поинтензивна економска размена и повеќе директни инвестиции. Посетата, нагласи Муцунски, ја искористил, да ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка од Белгија на патот кон полноправни членство во Европската Унија. 

–  Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтегративниот процес мора да се темели на исполнување на копенхакешките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата да спроведе неопходно внатрешни раформи за прием на нови членки – рече Муцунски. 

Муцунски, посочи дека го информирал Прево за напредокот постигнат во евроинтегративниот процес, како и за цврстата, јасна и безусловна посветеност на нашата Влада кон реформската агенда. 

-Разговаравме и за потребата од мудри, но и храбри геостратешки одлуки во време кога Европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни искушенија. 

На почетокот на средбата, Муцунски, исто така, ја поздрави и солидарноста по трагедијата во Кочани, каде Белгија учествуваше со транспрот и лекување неколку наши пациенти. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1