Connect with us

Свет

Уште еден оружен инцидент во училиште во Турција, при што загинаа најмалку четири лица

Четири лица загинаа откако ученик во осмо одделение отвори оган во училиште во турската покраината Кахраманмараш. Помеѓу загинатите се еден наставник и тројца ученици, како и самиот напаѓач.

Според гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукарем Унлуер загинал и ученикот напаѓач, но без да наведе детали.

Тој пристигнал на училиште со пет парчиња оружје, а мотивот за нападот сè уште не е познат.

Напаѓачот оружјето го земал од неговиот татко, кој е пензиониран полицаец

Инцидентот се случува еден ден по пукање во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени  16 лица, од кои 10 ученици.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1