Фудбал
Наполи освои само бод на гостувањето кај Парма
Екипата на Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Парма попладнево во рамки на 32.коло на Серија А. Елмас во игра влезе во 78.минута на местото на Кевин Де Бруин, но не успеа на својата екипа да и помогне да стигнат до победа.
Домашниот тим дојде во водство веќе во првата минута со голот на Габриел Страфеца, а уште еднаш стрелец за Наполи беше шкотскиот репрезентативец Скот Мек Томини во 60.минута.
Наполи остана на второто место на табелата со 66 бодови, шест помалку од лидерот Интер.
април 13, 2026

