Connect with us

Култура

Лефти и Рајти оживуваат на филмското платно – започна продукцијата на нов краток македонски анимиран филм за деца

Со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија започна продукцијата на краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти“, нов македонски проект базиран на серијалот „Приказни за облеките“ од авторката Наташа Дукоска.

Филмот е по сценарио на Наташа Дукоска, ко-сценарист е Билјана Црвенковска, во режија на Илија Тодоровски, а во продукција на зАнимација продукција од Скопје. Во реализацијата на анимацијата учествуваат и етаблирани професионалци од „Светот на Биби“ и Toon Motion Studios што дополнително гарантира висок квалитет на продукцијата и современ пристап во визуелната и наративната обработка.

Ликовите, илустрирани од Хари Дудески, произлегуваат од веќе изграден и препознатлив свет кој три години се развива низ серијалот сликовници.

„Лефти и Рајти“ е дел од поширок креативен концепт кој има за цел да развива домашен бренд за деца преку филм, литература и други културни форми, а воедно претставува значаен чекор кон враќање на домашната продукција на содржини за деца и градење нова генерација публика која ќе расте со приказни од македонски автори.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2