Фудбал
ПМФЛ: Шкендија го совлада Работнички
Актуелниот првак Шкендија триумфираше денеска на гостински терен над Работнички со 3-0 во рамки на 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Тетовскиот состав дојде до победата со двата гола на Красниќи (7, 72) и Тамба (37), ставајќи крај на серијата на работнички од четири последователни прволигашки Актуелниот првак Шкендија триумфираше денеска на гостински терен над Работнички со 3-0 во рамки на 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Тетовскиот состав дојде до победата со двата гола на Красниќи (7, 72) и Тамба (37), ставајќи крај на серијата на работнички од четири последователни прволигашки победи.
Со денешниот триумф, Шкендија остана во трката за одбрана на титулата, израмнувајќи се бодовно со лидерот Вардар, кој вечерва од 20 часот му гостува на битолски Пелистер.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Македонија ЃП-Арсими и Шкупи – Струга.