Connect with us

Свет

САД и Русија со рекорден извоз на течен гас за Европа

САД и Русија во првиот квартал од 2026 година забележале рекорден извоз на течен природен гас (ЛНГ) во Европа, според податоци од Институтот Бригел.

Американските испораки достигнале 8,27 милијарди кубни метри, додека Русија испорачала 2,46 милијарди кубни метри. Најголем дел од овие пратки бил насочен кон пристаништата во Белгија, Франција, Холандија и Шпанија.

По САД, најголеми снабдувачи на ЛНГ се Австралија и Катар, кои главно ги насочуваат своите пратки кон Индија и Кина.

Во 2025 година, Европската Унија потрошила 117 милијарди евра за увоз на 316 милијарди кубни метри гас. Од оваа количина, 30% биле од Норвешка, 26% американски ЛНГ, 10% од гасоводот од Алжир, 10% ЛНГ од други земји и 6% руски ЛНГ.

Катар, Велика Британија и Азербејџан учествувале со по 4% во вкупниот увоз на гас во ЕУ.

Институтот Бригел проценува дека, за разлика од 2022 година, кога започна воениот конфликт во Украина, моментално снабдувањето со гас не е под закана. Сепак, Европа сè уште може да се соочи со предизвици доколку не успее да обезбеди доволни резерви и да остане ценовно конкурентна на светскиот пазар како купувач

Маркетинг
Ad 3
Ad 3