Свет
Пад на цената на нафтата „Брент“, но сè уште е поголема отколку пред почетокот на војната на Блиски Исток
Цената на нафтата „Брент“, по постигнатиот договор за прекин на огнот на Блискиот Исток, денеска се намали за речиси 15 проценти и барел се тргува за 94 долари.
Тоа е значително намалување во однос на 120 долари за барел, но сепак нафтата „Брент“ е речиси 30 отсто поскапа отколку пред почетокот на судирот, кој почна на 28 февруари.
На цената на нафтата влијаеше затворањето на Ормуската Теснина поради што снабдувањето од Блискиот Исток беше сериозно нарушено.
април 8, 2026

