Connect with us

Економија

Угостителски услуги во периодот јануари – март поскапеле за 3.0 % во однос на лани

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период лани се зголемени за 3.0 %, објави Државниот завод за статистика.

Во март годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2025-та, угостителските услуги се поскапени за 2.4 %.

Споредено со февруари годинава, цените се зголемени за 0.1 %.

Цените во угостителството, по групи, во март 2026 година во однос на февруари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.2 % додека кај групите Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1