Connect with us

Вести

Мицкоски: Албанската опозиција се обидува да предизвика дестабилизација, ги информирав НАТО сојузниците

Барањата се едно, но Уставот и меѓународните стандарди се друго. И мораме така и да се однесуваме. Ако навистина мораме европски да се однесуваме, тогаш мораме да ги почитуваме и Уставот и меѓународните стандарди – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со барањата на студенти Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Премиерот посочи исто така дека на вчерашниот протест биле забележани лидери на опозициските партии на Албанциите за што се информирани НАТО-сојузниците. 

– Факт е дека законот, кој е донесен, а тоа е Законот за примена на јазиците, е предизвикан пред Уставниот суд токму во оној дел „владеење на право“ и „правосудство“, факт е дека имаме негативно мислење од Венециската комисија, кое се однесува за двојазичноста во правосудството. Прво, немаме доволно ресурси за да тоа го имплементираме, а второ, не се гарантира владеење на правото, односно нееднаквост во владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008 – 2009 година. Истовремено, факт е и дека студентите што изучуваат Правен факултет на својот мајчин, во случајот албански јазик, имаат право да го прават тоа и се дел од образовниот систем во Македонија – рече Мицкоски.

Премиерот, кој денеска беше во посета на скопската општина Аеродром, посочи дека е формирана комисија од уставни експерти, која работи да најде решение што е по Устав и меѓународни стандарди.

– Исто така, факт е дека вчера видовме голем број опозициски активисти и функционери, кои беа на протестот и на тоа му дадоа и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во рамките на ЕУ за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница – рече Мицкоски.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3