Connect with us

Хроника

Се шверцувале и лути пиперки: Царината спречи обиди за шверц на лекови, забни импланти, опрема за тетовирање и златен накит

Царинската управа во Македонија спречи серија обиди за криумчарење на огромни количини лекови, забни импланти, тетоважна опрема, овошје и зеленчук, како и златен накит, соопштија од надлежните.

Во три одделни случаи поднесени се кривични пријави против осомничени за сторено кривично дело „криумчарење“.

При контрола на автобус на релација Турција – Косово, пронајдени се 16.051 непријавен лек со вредност од 1,6 милиони денари, меѓу кои 623 вијали Prolutex, 15.000 таблети Jardiance и 428 раствори за инјекции за магнетна резонанца. Дел од лековите биле сокриени во црни најлонски кеси, а остатокот во фабрички шуплини на вентилацијата.

Турски државјанин на Меѓународниот Аеродром Скопје се обидел да внесе 116 забни импланти без дозвола, вредни околу 1 милион денари.

Шпански патник бил откриен со 1.463 парчиња пирсинг и тетоважна опрема, кои исто така подлежат на посебни дозволи.

На граничниот премин Богородица царинските службеници спречиле криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук, вклучувајќи ананас, авокадо, лута пиперка, брокула, јагоди, киви и печурки, со вкупна вредност од 1,4 милиони денари.

Исто така, на Богородица е спречен обид за шверц на златен накит вреден 581.900 денари, за кој требало да се избегне плаќање на давачки од 207.738 денари.
Сите предмети се трајно запленети, а против сторителите се поднесени кривични пријави за криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2